Екипата на Астраион денеска гостува во Неготино, а домашните максимално се подготвуваат за овој дуел.
Тие се мотивирани и сакаат победа за да можат да останат во трка за плеј-офот. Астраион, пак, е лидер во Групата 1 каде што има седум победи и едно реми и е единствен тим кој нема пораз досега во сезоната.
Вардар Неготино, пак, е на 6. место, но со мало заостанување во трката за 4. позиција така што ништо не е загубено. Уште постојат шанси така што тука сè е во игра.
Денеска и утре ќе има уште три дуели, но на сите домашните се фаворити, па сите погледи се насочени кон денешниот двобој во Неготино.
ПРВА МАШКА ЛИГА, ГРУПА 1
ДВОЈКИ ЗА 11. КОЛО
САБОТА, 30 НОЕМВРИ
17:00ч
ВАРДАР НЕГОТИНО – АСТРАИОН
Сала: „Кирил и Методиј“ во Неготино. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје. Делегат: Лери Мирчески од Скопје.
20:30ч
ПРИЛЕП – РК АЛУШОВСКИ
Сала: Р. Р. Ричко во Прилеп. Судии: Александар Груевски и Ѓорѓи Чалдаров од Битола. Делегат: Игор Станојоски од Кичево.
НЕДЕЛА, 1 ДЕКЕМВРИ
18:30ч
МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ТЕКСТИЛЕЦ
Сала: „Кочо Рацин“ во Скопје. Судии: Благоја Кимовски и Блаже Михајлов од Скопје. Делегат: Зоран Јовановски од Штип.
МРК КУМАНОВО – РИНИА М
Сала: Спортска во Куманово. Судии: Ѓорѓи Василевски од Скопје и Иван Јовановски од Штип. Делегат: Златко Локвенец од Скопје.
ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА е слободен
ТАБЕЛА: 1. Астраион 22 бода (227:173); 2. Јуниор Кисела Вода 21 (265:225); 3. Прилеп 18 (302:241); 4. Куманово 15 (255:224); 5. Македонија Ѓорче Петров 15 (280:284); 6. Вардар Неготино 13 (246:244); 7. Алушовски 6 (281:289); 8. Риниа М 4 (240:331); 9. Текстилец 2 (235:320).