Прва машка лига, Група 1: Дерби во Струмица, Астраион ќе има тешка задача со Јуниор КВ

Екипите кои се борат за првите четири позиции во Групата 1 од Првата машка лига денеска ќе имаат нови натпревари на кои се очекува да има неизвесност. Астраион го пречекува тимот на Јуниор Кисела Вода и ова е натпревар на кој бодовите се максимално важни и за едните и за другите.

Домашниот терен ќе биде предност, но ќе треба и да се оправда така што останува да се види како ќе се снајдат на теренот двете екипи.

Во 5. коло од Групата 1 натпревар ќе има и утре кога Прилеп ќе игра против екипата на Риниа М.

ПРВА МАШКА ЛИГА (ГРУПА 1)

ДВОЈКИ ЗА 5. КОЛО

КУМАНОВО – АЛУШОВСКИ       38:25 (17:12)

НЕДЕЛА, 13 ОКТОМВРИ

16:00ч

ВАРДАР НЕГОТИНО – ТЕКСТИЛЕЦ

Сала: „Кирил и Методиј“ во Неготино. Судии: Спаско Ќаев од Скопје и Даниел Ристовски од Велес. Делегат: Сашо Младенов од Скопје.

20:30ч

АСТРАИОН – ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА

Сала: „Парк“ во Струмица. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје. Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.

ПОНЕДЕЛНИК, 14 ОКТОМВРИ

19:15ч

ПРИЛЕП – РИНИА М

Сала: Р. Р. Ричко во Прилеп. Судии: Никола Пауниски и Оливер Спировски од Струга. Делегат: Игор Станојоски од Кичево.

ТАБЕЛА: 1. Куманово 10 бода (142:112); 2. Прилеп 9 (139:108); 3. Македонија Ѓорче Петров 9 (136:129); 4. Астраион 7 (85:60); 5. Јуниор Кисела Вода 6 (78:73); 6. Вардар Неготино 6 (93:105); 7. Текстилец 1 (94:119); 8. Риниа М 1 (110:149); 9. Алушовски 0 (113:135).