Прва машка лига, Група 1: Две дерби средби во Скопје

На програмата во Групата 1 во Првата машка лига се дуелите од 4. коло каде што денеска ќе бидат одиграни два меча во Скопје кои се дерби.

Според она што досега го прикажаа во оваа сезона ракометарите на Македонија Ѓорче Петров тие влегуваат со фаворитската улога против составот на Прилеп, кој ќе се обиде да дојде до бодови на гостувањето во Скопје.

Јуниор Кисела вода, пак, одигра две средби досега и има победа и пораз, па оттаму е јасно дека на домашен терен мора да надомести и не смее да губи бодови. Сепак, Куманово е тим кој секогаш има што да покаже така што според очекувањата денеска треба да има убав натпревар во кој нијанси ќе одлучат кој ќе дојде до победа.

ПРВА МАШКА ЛИГА, ГРУПА 1

ДВОЈКИ ЗА 4. КОЛО

САБОТА, 5 ОКТОМВРИ

15:00ч

АЛУШОВСКИ – ВАРДАР НЕГОТИНО

Сала: „Форца“ во Скопје. Судии: Никола Пауновски и Оливер Спироски од Струга. Делегат: Васко Дјакоски од Скопје.

18:15ч

МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ПРИЛЕП

Сала: „Кочо Рацин“ во Скопје. Судии: Војо Христовски и Бобан Мајнов од Скопје. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

19:00ч

ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА – МРК КУМАНОВО

Сала: „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје. Делегат: Цано Куртовиќ од Скопје.

НЕДЕЛА, 6 ОКТОМВРИ

16:00ч

РИНИА М – АСТРАИОН

Сала: ОУ „7 март “ во Скопје. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје. Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.

ТЕКСТИЛЕЦ е слободен

ТАБЕЛА: 1. Македонија Ѓорче Петров 9 бода (111:94); 2. Куманово 7 (84:64); 3. Прилеп 2010 6 (104:83); 4. Астраион 4 (50:40); 5. Јуниор Кисела вода 3 (55:53); 6. Вардар Неготино 3 (65:79); 7. Риниа М 1 (90:114); 8. Текстилец 1 (94:119); 9. Алушовски 0 (62:69).