Судиската двојка Исмаил Металари и Ненад Николовски, кој покрај ЕХФ значката, летово доби и ИХФ значка, ќе ја има првата евро-задача во новата сезона.
Европската ракометна федерација ги делегираше Металари и Николовски на средба од второто квалификациско коло во женската Лига на Европа.
Тие ќе го судат мечот меѓу францускиот Дижон и норвешкиот Молде, кој ќе се одигра на 23 септември од 20:00 часот.
Двојката Металари – Николовски одработи одлично ова лето на кадетскиот Мундијал во Хрватска и ја доби и ИХФ значката.