Првата цел е остварена, Македонија на чекор до камбек во европската елита (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонија – Литванија 20.03.2021

Со втората победа на квалификацискиот турнир над Литванија со 31-21, женската репрезентација на Македонија обезбеди место во баражот за Светското првенство во Шпанија. Со тоа е исполнета првата цел, а дали нашата селекција, која веќе девет години нема учество на големо натпреварување, е подготвена за завршниот чекор и елиминација на некоја репрезентација од европска елита, ќе дознаеме во април кога ќе се играат бараж дуелите...