Првата лига во претстојната сезона најверојатно ќе брои 16 екипи, кои ќе бидат поделени во две групи по осум. За разлика од минатата сезона, форматот на натпреварување ќе претри промени и би требало да се игра по систем како што се игра во Суперлигата.
По одигрувањето на регуларниот дел, 14 кола, до крајот на годината, екипите ќе се поделат во плеј-оф и плеј-аут конкуренција.
За разлика од лани, кога екипите ги пренесуваа бодовите од меѓусебните дуели во плеј-оф и плеј-аут, освоени со екипите од истата група, во претстојната сезона, првопласираните во групите ќе пренесат 3 бода, второпласираните по 2 бода…
Тоа ќе придонесе борбата за суперлигашките места да биде уште поинтересна и на пролет би требало да гледаме возбудливи натпревари.
Сепак потврда за овој систем на натпреварување ќе треба да добиеме на состанокот на прволигашите кој треба да се одржи деновиве, а тогаш ќе бидат извлечени групите и ќе биде познат распоредот на натпревари.
Првата лига во новата сезона со 16 екипи – еден клуб се откажа!