Првата битка ја доби Вардар, но војната за титулата ќе продолжи (ФОТОГАЛЕРИЈА)

26.03.2023 Вардар 1961 vs Еурофарм Пелистер

Долгоочекуваното дерби од 5. коло во машката Суперлига очекувано донесе многу возбудувања и израмнет натпревар на теренот, но и немири на трибините и прекин од половина час во спортскиот центар „Јане Сандански“. Во првиот од двата дуели кои директно ќе одлучуваат за титулата Вардар го победи Еурофарм Пелистер со 31-24 (13-10). Актуелниот шампион на Македонија во дерби победата беше предводен од Филип Талески и Дејан Манасков, двајцата постигнаа по седум погодоци, пет запишаа Леонардо Дутра и Гоце Георгиевски, додека на голот одличен беше Мартин Томовски. Доколку нема изненадувања до крајот на суперлигашкиот плејоф меѓусебната гол разлика треба да го одлучува новиот шампион на Македонија.