До 15 март ќе траат анализите, по што потоа ќе се разгледа барањето и ќе се донесе одлука.
Управниот Одбор на Ракометната федерација на Македонија на некоја од следните седници ќе го разгледува предлогот на екипите што треба да играат плеј-аут во пролетниот дел од сезоната кои сакаат наместо шест сезонава од лигата да испаднат само три екипи. До 15 март ќе траат анализите, по што потоа ќе се разгледа барањето и ќе се донесе одлука.
Првичниот план презентиран лани од страна на РФМ беше сезонава во плејаутот да играат осум екипи, односно по четири тимови од двете групи. Од тие осум екипи, само првиот да обезбеди опстанок, а вториот да игра бараж за опстанок. Другите шест екипи да испаднат и да се преселат во Прва лига.
Предлогот што беше доставен до Собранието на РФМ. Првите три екипи од плејаутот да обезбедат директно учество в година во Супер лигата. Четвртопласираниот тим ќе игра бараж за опстанок. Екипите пласирани од 5 до 8 место ќе испаднат од лигата.
Ако се усвои овој предлог следната сезона 2021/2022 во Супер лигата ќе играат 12 екипи. Останува да се потврди дали и екипите од СЕХА лигата ќе играат во домашното првенство како што беше најавено, или пак ќе биде стариот систем од 10 екипи во регуларниот дел и потоа приклучување на сехалигашите.