По 20 часа патување, Келце конечно стигна во Скопје!

Ракометарите на Келце се соочија со проблеми пред гостувањето во Скопје на мечот со Вардар во Лигата на шампионите. Тие конечно пристигнаа во македонската престолнина по околу 20 часа патување со автобус и авион.

Своето патешествие го стартуваа околу 02:00 часот утринава, кога со автобус се упатија од Келце до Краков и требаше да го фатат летот за Виена во 07:00 часот.

Поради лошото време во полскиот град, летот беше одложен за повеќе од три часа, па експедицијата на Келце летна за Виена дури во 10:15 часот. Со задоцнувањето на летот до Виена, го пропуштија конекцискиот лет од австриската престолнина за Скопје и мораа да патуваат најпрво до Цирих, а потоа од Цирих до Скопје.

Тренингот што требаше да го одработат во СЦ “Јане Сандански” беше откажан.

Мечот меѓу Вардар и Келце се игра утре со почеток во 17:30 часот.