Еден од ривалите на Вардар во Лигата на шампионите, унгарскиот ПИК Сегед, го одигра првиот пријателски натпревар пред стартот на новата сезона.
Избраниците на Хуан Карлос Пастор, иако не беа во комплетен состав, немаа проблеми против тимот на Дабас и славеа со убедливи 38-25 во првиот дуел по пауза од 154 дена.
За домашните дебитираа засилувањата Борут Мачковшек и Даниел Кечкеш, а поради мали повреди ги немаше Сигурмансон, Бодо, Степанчиќ и Банхиди.
Најефикасни во редовите на унгарскиот вицепрвак беа Миклош Рошта со осум погодоци, а по пет дадоа Калман и Кашпарек.