По четири и пол години – се разделија Голужа и Татран Прешов

Хрватскиот стратег Славко Голужа не е повеќе дел од словачкиот шампион Татран Прешов и заминува од клубот по четири и пол години.

Тој вчера го водеше тимот за последен пат на дуелот против АГРО Тополчани и се збогува со играчите.

Според информациите од Словачка, замена за Голужа ќе биде некогашниот ракометар и легенда на клубот, Радослав Антл.

Долго време во јавноста кружат информациите за лошата финансиска ситуација, па веројатно на крајот на сезоната тимот ќе се раздели и со дел од интернационалците.