Голманот на Келце, Матеуш Корнецки, во следната сезона ќе го брани голот на Порто, во која настапува македонскиот репрезентативец Никола Митревски.
Иако за Корнецки имаше голем интерес од Лимож, Французите го ангажираа Дино Славиќ, па полскиот голман се реши за португалскиот првак.
28-годишниот голман во сезона 2019/20 го засили полскиот гигант, со кој потпиша договор на четири сезони и остана до крај.
Порто по завршувањето на оваа сезона ќе го напушти голманот од Данска, Себастијан Франдсен, кој ќе се пресели во Фредериција, додека Митревски има договор на уште една сезона.
Корнецки во својата клупска кариера настапуваше и за екипата на Горњик Забже.