По три и пол години, Вардар пак на европска сцена – познати термините за двомечот со Приштина

Ракометарките на Вардар по три и пол години се враќаат на меѓународна сцена со настапот во второто коло на Европскиот Куп.

Избраничките на Драгана Ристова ќе се соочат со тимот на Приштина од Косово, а веќе се познати термините и саатниците за двомечот.

Првиот натпревар ќе се игра во Приштина, на 16 октомври од 17:00 часот, додека реваншот ќе биде во Скопје на 23 октомври од 17:00 часот.

Покрај Вардар, во истата конкуренција ќе настапат уште три македонски екипи – Чаир, Металург и Деспина, а сите натпревари тие ќе ги одиграат на гостински терен.

Последен пат вардарки беа дел од завршниот турнир во Лигата на шампионите во мај 2018 година, а сега комплетно новиот тим ќе има шанса за промоција на европска сцена.