Голманот на Рајн Некар Левен, Микаел Апелгрен, по скоро три години се враќа во националниот тим на Шведска.
Селекторот Глен Солберг го стави на списокот, голманот што имаше многу проблеми со повреди во последниот период.
Покрај Апелгрен, тука е Андеас Паличка, како и најголем дел од играчите што стигнаа до европското злато на ЕП во Унгарија и Словачка.
Шведска нема да игра квалификации за ЕП 2024, но ќе биде дел од ЕХФ Евро Купот и ќе игра натпревари со Германија, Шпанија и Данска.