Тимот на Партизан оваа сезона има големи амбиции и во српскиот шампионат и во регионалната СЕХА лига.
Пред двомечот со словачкиот првак Татран Прешов, Партизан одигра двобој со Вардар, а по поразот во Скопје, славеше против „црвено-црните“ во Белград со 28-22.
Еден од најдобрите поединци во српскиот тим беше Урош Којадиновиќ. Десното крило вели дека по триумфот над Вардар, амбициите се уште повисоки.
„Нашата цел пред стартот на сезоната беше да привлечеме што е можно повеќе публика во „Бањица“ и да оставиме што е можно подобар впечаток. Исто така, сакавме да одиграме два добри меча на домашен терен. Генерално, ние сме млад тим, загубивме во Скопје од Вардар, но дома победивме со повисока разлика. По тој триумф нашите амбиции пораснаа, сега имаме шанси дури и да бидеме први во групата. За мене, да се игра во СЕХА лигата е престиж. Ова е една од најдобрите лиги во Европа и светот. Посебно кога се работи за афирмација на младите играчи. Мило ми е што можам да игра против најдобрите клубови во регионот и во Европа“, изјави Којадиновиќ во СЕХА-интервјуто.
Партизан ќе гостува во Прешов на 21 март, додека на 27 март е двобојот во Белград.