Тимот на Работнички за кратко време остана без услугите на тројца ракометари. По украинските интернационалци Сергеј Сулима и Дмитро Полјак, од суперлигашот си замина и голманот Андреј Петковски.
Тој во текот на летото од Вардар Јуниор се пресели во Работнички, но овој тим нема шанси за пласман во плеј-офот, па Петковски се реши за нов предизвик.
18-годишниот чувар на мрежата ги мина младинските категории на Вардар, беше дел и од Вардар Јуниор, а настапуваше и за младинските репрезентативни селекции на Македонија.