Некогашната голема српска надеж, левиот бек Милан Јовановиќ се врати на терените по пет години пауза.
За потсетуваење, 25-годишниот ракометар во сезона 2017/18 кога настапуваше за екипата на Војводина, заработи тешка повреда на лигаментите на коленото.
По повредата, во јуни, 2018 година следуваше операција и период на рехабилитација, кој мина успешно.
Јовановиќ пред почетокот на сезона 2018/19 одлучи да го напушти клубот од Нови Сад и да се пресели во редовите на Тулуз.
Сепак, ракометарот од Србија пред започнување на сезона 2018/19 повторно мораше да направи нова операција, додека во 2019 година беше принуден на трета операција, по што следуваше голема пауза од ракометните терени.
Младиот ракометар за четири сезони минати во Тулуз одигра само неколку натпревари и после разни третмани, методи на опоравување и индивидуални тренинзи, поранешниот „вундеркинд“ практично мораше да се откаже од француската кариера и да се врати во Србија.
Екс јуниорскиот репрезентативец на Србија на почетокот на вториот дел од оваа сезона се врати на терените, потпиша за Металопластика и полека се враќа во посакуваната форма.