Тимот на Ал Араби стана шампион на Катар, откако во финалето од разигрувањето за титулата, славеше тесна победа над Ал Вакра.
Ал Араби ја освои само втората титула во клупската историјата, а првата беше освоена пред 37 години, во далечната 1983 година.
Стратег на Ал Араби е Шпанецот Рафаел Гихоса, а лидер е чуварот на мрежата Данијел Шариќ.
Во битката за третото место Ал Духаил беше подобар од Ал Ахли со само еден погодок и победи со 25-24.