На денешната ракометна програма ќе се одиграат првите дуели од второто коло во рамки од Европскиот Куп.
Камбек на европска сцена после три сезони има црногорскиот вицепрвак Ловќен, кој за последен пат во Европа настапуваше во сезона 2019/20.
Ракометарите на Ловќен денес ќе ги одмерат силите со екипата на Рунар од Норвешка и ќе се обидат да остварат поволен резултат.
Реванш натпреварот меѓу Ловќен и Рунар ќе се одигра на 5 ноември со почеток од 17:30 часот во Цетиње.