За најсилниот клуб во Белорусија сезоната во Лигата на шампионите предвреме заврши.
Со одлуката на ЕХФ беа откажани натпреварите кои овој тим требаше да ги игра со Вардар и Кил. ЕХФ поради ситуацијата во Украина донесе одлука да ги исклучи руските и белоруските екипи од сите европски натпреварувања.
После ваквата ситуација дел од ракометарите си заминаа во своите земји. Јака Малус кој имаше намера да го напушти клубот на лето, се врати порано дома.
По препорака на амбасадите во своите земји од Белорусија си заминуваат: Полјакот Павел Пачковски, Французинот Батист Бонфон, како и луѓето од стручниот штаб – Шпанецот Даниел Гордо и Португалецот Нуно Фарел.
Во соопштението се наведува дека договорот со нив не е прекинат и тие можат да се вратат кога ситуацијата ќе се стабилизира.
Мешков продолжува со своите настапи со ракометарите кои остана во ростерот, а следниот натпревар овој тим го игра на 5. март против Минск.