Македонскиот интернационалец Никола Костески и следната сезона ќе ја мине во австриското првенство.
По одличните изданија оваа сезона, раководството на Линц му понуди нова соработка, а десното крило од Струга ја прифати.
Костески беше најдобар стрелец на Линц и меѓу најдобрите во целата австриска лига до прекинот на натпреварите поради коронавирусот.
Тој потекнува од тимот на Струга, беше дел од Металург, а во интернационалната кариера настапуваше за турската Селка и словачкиот Татран Прешов.