Македонската кадетска, младинска и сениорска репрезентативка, Матеа Чурлиновска, во новата сезона ќе има нов предизвик во кариерата.
По одличниот настап на Светското кадетско првенство, таа си обезбеди тансфер и потпиша за поранешниот шапмпион и освојувач на Купот, Куманово.
Таму ќе брани заедно со нејзината репрезентативна колешка Марија Јовановска, како и со Симона Грујовска. Кумановки сега ќе го имаат можеби и најдобро голманско трио во Женската лига.
Чурлиновска досега го бранеше голот на Деспина од Прилеп, а на Мундијалот во Македонија беше на второто место меѓу голманките по процентот на одбранети удари.
Претходно Куманово ги продолжи договорите со крилата Јована Живковска, Наташа Нолевска и Пени Граматова, а беше ангажирана и репрезентативката Габриела Величковска, откако претходно беше решено тренерското прашање до доаѓањето на Драгана Ристова.
Од клубот заминаа голманката Катарина Митровиќ, десниот бек Јована Кипријановска, како и кружниот напаѓач Амела Џакмиќ.
Куманово ќе биде дел од групата А во Женската лига и ќе игра со Шампион, Скопје, Спартак, Вардар, Чаир, Пелистер и Гевгелија.