Македонскиот интернационалец, Тоше Ончев игра одлична сезона во дресот на Тримо Требње. Во минатото коло, Ончев заедно со неговите колеги беа убедливи против Слован Љубљана со 28:21.
Македонецот со пет гола беше најефикасен во својата екипа, а неговата одлична игра беше причина да биде номиниран за МВП на 8. коло во словенечкиот шампионат.
Покрај Ончев, на листата за најдобар играч на 8. коло се наоѓаат шест ракометари – Алјаж Кутнар (Иванчна Горица), Алекс Влах (Целје), Денис Коњевиќ (Копер), Божидар Симиќ (Рико Рибница), Тилен Коси (Ормош) и Андреј Доленц (Урбан Лока).
За Тоше Ончев можете да гласате на следниот ЛИНК, а гласањето трае до 10 ноември.