Репрезентативката на Македонија, Моника Јанеска и оваа сезона игра во одлично издание во шампионатот на Турција. На речиси сите натпревари, Јанеска е меѓу најефикасните ракометарки во екипата на Коњалти.
Во минатото коло, Коњалти го доби дерби натпреварот против Гореле, триумфираше со пет гола разлика, 33:28. Најзаслужна за победата беше токму Јанеска која постигна девет погодоци.
Нејзината одлична партија беше повод да биде избрана во идеалниот тим на 8. коло во турскиот шампионат како најдобар среден бек.
Освен за Јанеска, место во идеалниот тим имаше и за поранешната членка на Кометал ЃП, Јелиз Озел, како и за останатите ракометарки кои оставија солиден впечаток во 8. коло.