Откако Норвешката ракометна федерација отиде чекор подалеку од сите други и не само што ги стопираше ракометните активности, туку означи и крај на сезоната, тоа го стори и Швајцарската федерација.
Поради коронавирусот најпрво натпреварите се играа без гледачи, а потоа беа откажани во сите конкуренции.
Шампионите наскоро ќе бидат објавени, а тоа во машка конкуренција ќе биде Кадетен Шафхаузен, додека кај жените тоа ќе биде составот на Брул.