Македонската голманка Драгана Петковска во следната сезона ќе има нов предизвик во кариерата.
По две години настапи за данскиот Сондерјиске, репрезентативниот чувар на мрежата си замина од овој клуб.
Покрај Петковска, од Сондерјиске замина и втората македонска интернационалка, Сара Митова.
Петковска претходно беше член на Силкеборг, а во Македонија играше за Вардар и Вардар СЦЈС.