Хрватскиот вицепрвак Нексе за новата натпреварувачка сезона 2023/24 го ангажираше второто засилување.
Нексе следната сезона ќе биде посилен со репрезентативецот на Израел, левиот бек Адир Кохен. Израелецот моментално настапува во францускиот шампионат, поточно во екипата на Трембле.
Младиот ракометар оваа година со својата репрезентација учествуваше на „Кроација Куп“ во Пореч и на турнирот покажа солидни партии и уште тогаш беше пикиран од челниците на Нексе.
Во својата кариера осум години беше дел од Хапоел Ашдод, додека две сезони го носеше дресот на Винтертур од Швајцарија.
Тимот на Нексе во следната сезона ќе го има на располагање и средниот бек од Магдебург, Марко Безјкак, додека од клубот ќе си замине Томислав Северец, кој потпиша со бундеслигашот Хамбург.