Вицешампионот на јужниот сосед, АЕК Атина, работи активно на трансферот пазарот пред стартот на новата сезона.
Најново засилување на листата е француското лево крило Максимилијан Тике, кој потпиша договор на две сезони.
29-годишниот Французин доаѓа од Шербур, а претходно настапуваше за Роуен, Гонфревиј, Вернон и Лимож.
Претходно АЕК се засили со левиот бек Стипе Мандалиниќ, голманот Иван Мацкевич, пивотот Лукаш Рогулски и десниот бек Никола Јукиќ.