Македонија денеска го смени селекторот Љубомир Савевски и ќе има нов предводник во квалификациите за ЕП 2024 година, а истото ќе се случи и со фаворитот во нашата група, Шпанија.
Досегашниот Хозе Игнасио Прадес заминува од функцијата, а на негово место доаѓа Мартин Амброш.
Тој е актуелен тренер на унгарскиот Ѓер, а претходно беше селектор на женските селекции на Романија и Русија.
Амброш и Шпанија ќе бидат ривали на Македонија во битката за ЕП 2024 година, а во групата се уште селекциите на Азербејџан и Литванија.