Машката кадетска репрезентација на Македонија по лошото издание на првиот натпревар од разигрувањето за пласман против јужниот сосед, забележа победа над Саудиска Арабија со убедливи 14-22 (5-6, 4-8, 5-8)
Првиот период, како и на сите претходни мечеви беше неизвесен и Македонија го доби со еден погодок разлика, 5-6. Победникот беше решен во втората третина кога избраниците на Никола Матлиески направија висока разлика, 9-14.
Третата третина беше шанса за повеќе ракометари да добијат минутажа, а мечот беше рутински завршен со победа од 14-22. Македонија освои пет бода на овој натпревар и со вкупно 12 ја мина Саудиска Арабија на второто место на табелата од разигрувањето за пласман.
Се чини дека првото на Грција, која има 14,5 бодови ќе биде недостижно, па нашите кадети ќе може да се надеваат на 10 место во вкупниот пласман во најдобра варијанта.