По Карачиќ и Дисингер – и Сикошек Пелко си „ќари“ Македонка (ФОТО)

По Игор Карачиќ и Кристијан Дисингер кои се на добар пат да станат македонски зетовии баџанаци, бидејќи се во врска со сестрите близначки Душица и Марија Андоновски, уште еден ракометар на Вардар си „ќари“ девојка од Македонија.

Станува збор за словенечкиот интернационалец Домен Сикошек Пелко, кој веќе неколку месеци е во врска со скопјанката Сара Симоноска. Тие заедно ги поминаа новогодишните празници во Хрватска.