Тимот на Нексе Нашице направи историски успех со елиминацијата на данскиот ГОГ Гудме и обезбеди место на завршниот турнир во Лигата на Европа.
По овој успех апетите уште повеќе растат, па хрватскиот вицепрвак веројатно ќе се кандидира за домаќин на Ф4 во второто по ранг европско клупско натпреварување.
Домашната арена во Нашице не ги задоволува критериумите за организација на ваков настан, но затоа таа во Осијек би можела да биде домаќин и Нексе да биде како на домашен терен.
Висла Плоцк веќе најави дека нема да се кандидира за домаќин, а такви сигнали има и од актуелниот шампион во ова натпреварување, германскиот Магдебург.
Ждрепката за полуфиналните парови ќе биде утре, а Ф4 турнирот ќе се игра на 28 и2 9 мај.