По Еурофарм Пелистер, Радовиќ стана капитен и на Црна Гора!

Некогашниот член на Вардар, Васко Шеваљевиќ, по крајот на СП во Полска и Шведска во јануари се повлече од националниот тим и го остави празно местото за капитен во црногорската селекција.

Одлуката на репрезентативците беше очекувана и едногласна – тие денеска го избраа за нов капитен десното крило Мирко Радовиќ.

Ракометарот и капитен на Еурофарм Пелистер, долго време игра за Црна Гора, а познат е по играта со срце и давањето максимум на теренот.

Радовиќ е поранешен член на Ловќен Цетиње, францускиот Валанс и унгарскиот Цегледи, пред да се пресели во Битола, каде минатото лето ја доби честа да биде капитен.

Десното крило од 2019 година настапува во Битола и е миленик на „Чкембари“.