Скапиот проект на Алборг по елиминацијата во осминафиналето од Лигата на шампионите, целосно се фокусира на домашниот шампионат каде има за задача да ја врати шампионската титула во свои раце.
Сепак, според прикажаната игра, посебно денес на дуелот против Колдинг, факт е дека избраниците на Стефан Мадсен ќе имаат тешка задача.
Алборг во последното коло од регуларниот дел од шампионатот на Данска едвај стигна до победа против Колдинг, триумфираше со два гола разлика, 24:22.
Ракометарите на Алборг победата ја обезбедија со пресврт во финишот од дуелот.
Ривали на Алборг во плеј-оф фазата ќе бидат екипите на Силкеборг, Скјерн, Архус, Колдинг, Есбјерг, Фредериција и големиот ривал ГОГ.
Токму Алборг со ГОГ регуларниот дел го завршија изедначено, со 22 победи, едно реми и 3 изгубени натпревари.
За потсетување, тимот на Алборг во Лигата на шампионите беше елиминиран од ГОГ.