Женскиот клупски ракомет во Македонија одамна не беше присутен на ТВ екраните, освен Куп финалињата низ годините, но од денеска и тоа ќе се промени.
Дербито меѓу Ѓорче Петров и Куманово, едни од фаворитите за шампионската титула ќе биде пренесувано на спортскиот канал МТВ 3 од 15:00 часот.
Успехот на кадетската репрезентација, позитивните ветрови во сениорската, малку ги раздвижија работите во добра насока кога се работи за женскиот клупски ракомет.
Па така сведоци сме на интересни и неизвесни натпревари во плеј-офот од Женската лига кога секое коло има дерби. Кога играат Ѓорче Петров, Куманово, Вардар, Металург и Чаир меѓусебе, секој може да победи секого, а драмата е загарантирана.