Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер денеска ги завршува подготовките во Скопје и се враќа во Битола. Избраниците на новиот тренер Жељко Бабиќ славеа два пати над КЛ7 на пријателските средби, иако играат без деветмина првотимци.
Битолчани продолжуваат со тренинзи во Битола од вторник во комплетен состав, но в четврток повторно се враќаат во Скопје за пријателски дуел со Вардар. По таа средба, ракометарите и стручниот штаб заминуваат на мини подготовки во Србија.
Таму екипата ќе одигра три пријателски средби со српски екипи, од кои една е потврдена – со шампионот Војводина. Оттаму „фармацевтите“ ќе патуваат за Нашице, каде на 1 февруари ќе го одиграат првиот осминафинален дуел од регионалната СЕХА лига против Нексе.
Тренерот Бабиќ нема да може да смета две седмици на левото крило Гоце Ојлески, кој се повреди на вториот пријателски натпревар против КЛ7.