Поранешната членка на Вардар и поранешна црногорска репрезентативка, Андреа Кликовац, се пофали со новиот дечко.
Станува збор за црногорскиот пејач Угљеша Радоњиќ, кој е познат по учеството во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Кликовац додека настапуваше во Вардар беше во долга врска со македонскот фудбалер Дарко Глишиќ.
Таа потоа се пресели во Унгарија и играше за Кишварда, а сега е дел од романскиот ѕвезден тим ЧСМ Букурешт.