Покрај македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски, викендов од дресот со националниот грб ќе се прости уште еден легендарен ракометар.
Станува збор за левото крило на словачката репрезентација, Мартин Страновски, кој својот последен натпревар ќе го одигра против Србија во Нови Сад.
Страновски во моментов игра за Кошице, а претходно настапуваше за Барселона, Адемар Леон, Ерланген, Нове Замки, Татран Прешов и ПИК Сегед.
За националниот тим на Словачка, 37-годишното лево крило има одиграно 157 меча и постигнато 579 погодоци.
Словачка досега загуби три меча во квалификациите за ЕП 2024, но има шанса со триумф кај веќе пласираната Србија, да се избори за место преку третото место во групата.