По Веспрем, Татабања со шлаканица и за Келце

Откако го совладаа унгарскиот шампион Веспрем, ракометарите на Татабања остварија уште една голема победа, иако се работи само за пријателски натпревар.

Избраниците на Владан Матиќ славеа против полскиот првак Келце со 28-27, иако на полувреме гостите имаа предност од четири погодоци, 11-15.

Полјаците водеа и во поголемиот дел од второто полувреме, но упорните домаќини успеаја на крајот да слават.

Најдобар стрелец кај Келце беше Гудјонсон со пет голови, а по три пати погодоија Сичко и Турна, додека кај Татабања се истакнаа Ѓери со седум и Анчин со шест погодоци.