Поширок список на Франција пред СП – и Жереми Тото во комбинација за настап

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Франција, Гијом Жил, го објави поширокиот список на ракометари што ќе бидат во комбинација за настап на СП.

На листата од 35 ракометари се многу познати имиња, но има и седум нови, меѓу кои и пивотот на Нант, а порано на Вардар – Жереми Тото.

Негова конкуренција ќе бидат Николас Турна, Лука Карабатиќ, Лудовик Фабрегас и Тео Монар.

Покрај Тото, Жил за првпат на список на сениорска репрезентација ги стави и Килијан Вијмино од Монпелје, Жулиен Мејер од Шарт, Бенжамен Ришер од Шамбери, како и Баптис Даматрен од Нант.

Остататокот од списокот се веќе познати имиња на јавност, меѓу кои и легендарниот Никола Карабатиќ.

Франција е во група со домаќинот Полска, Словенија и Саудиска Арабија и ќе игра во градот Катовице во првата фаза.