Селекторот на машката сениорска репрезентација на Португалија, Пауло Переира го објави поширокиот список на играчи пред настапот на Мундијалот во јануари.
Искусниот стратег од 35 играчи ќе треба да го одбере најдобриот состав со кој ќе и се спротистави на Исланд, Унгарија и Јужна Кореја.
Најголемиот дел од повиканите играчи доаѓаат од португалскиот шампионат, поточно од екипите на Порто, Спортинг и Бенфика. Тука се браќата Коста од Спортинг, кои се повеќе добиваат шанса во сениорскиот дрес.
Списокот е надополнет со уште 14 интернационални, меѓу нив се наоѓа и Луис Фраде од Барселона, Андре Гомеш од Мелсунген, Диого Силва од Екс ан Прованс, потоа членот на Нант, Александре Калваканти, несудениот вардарец Жилберто Дуарте, екс ракометарот на Еурофарм Работник, Серхио Барос…
Жорге Силва, Тијаго Роча, Рубен Рибеиро и Белоне Мореира се дел од имињата кои беа изоставени.
Избраниците на Переира првиот дуел на Светското првенство во Полска и Шведска ќе ги одиграат на 12 јануари против Исланд. Дуелот со Јужна Кореја е закажан за 14 јануари, додека на 16 јануари Португалија силите ќе ги одмери против Унгарија.