Почнува нова сезона во ЛШ – Ристовска против Аморим за силен старт

Репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска денеска ја отвора сезоната во Лигата на шампионите со тимот на ЦСКА Москва и тоа на дуел со Ѓер за кој настапува Едуарда Аморим Талеска.

Ова е деби сезона за ЦСКА Москва во најсилниот европски куп и тоа во сезона кога се игра по нов формат. Воедно ова е сезона во која ќе треба да се игра во две групи од по осум екипи, па секој натпревар е максимално важен бидејќи секој поен е потребен. Ждрепката го донесе Ѓер на стартот и тоа е шанса за да се види колку тимот од главниот град на Русија може во моментов.

Ристовска и Аморим се во составот и ќе играат на средбата со која почнува новата сезона. Тоа е дуел од Групата Б така што дефинитивно ќе биде интересно.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ЖЕНИ

ДВОЈКИ ЗА 1. КОЛО

ГРУПА А

САБОТА, 12 СЕПТЕМВРИ

18:00ч

КРИМ МЕРКАТОР – КРИСТИЈАНСАНД

ФТЦ РАИЛ КАРГО – РОСТОВ ДОН

НЕДЕЛА, 13 СЕПТЕМВРИ

14:00ч

БИТИГХАЈМ – ЕСБЈЕРГ

16:00ч

ЧСМ БУКУРЕШТ – МЕЦ

ГРУПА Б

САБОТА, 12 СЕПТЕМВРИ

16:00ч

ЦСКА МОСКВА – ЃЕР

ОДЕНЗЕ – БОРУСИЈА ДОРТМУНД

18:00ч

БРЕСТ – РАМНИЦУ ВЛЧЕА

НЕДЕЛА, 13 СЕПТЕМВРИ

16:00ч

ПОДРАВКА – БУДУЌНОСТ.