Куманово, Металург, Вардар, Чаир, Стружанка… Ова би требало да се петте екипи околу кои ќе се бара одговорот за титулата во Супер женската лига. Според тоа како се одвиваа подготовките и резултатите од контролните средби за очекување е тие да го дадат одговорот за тоа кој состав ќе дојде и до трофејот на крајот од сезоната.
Квалитетот на тимовите во однос на лани е изменет. Распоредот на силите сега е поинаков, па Куманово е тимот кој важи за најголем фаворит. Металург, Вардар, Чаир и Стружанка ќе чекаат шанса од позадина, но барем засега се очекува тие да бидат во битка за 2. место.
Дали сето ова ќе биде вака и на терен засега е тешко да се каже, а многу работи ќе станат појасни веќе денеска и в недела.
Првите две кола се закажани за петок и недела. Ова ќе биде напорен календар за играње, но веќе е направен распоредот за играње на средбите така што се очекува составите од Супер женската лига да тргнат во борба за трофеите.
Останува да се види како ќе се одвиваат работите и кој состав колку ќе одговори на задачите во новата сезона. Исто така и како ќе се одвиваат натпреварите во услови на пандемијата со коронавирусот која може да создава проблеми односно да се поместуваат одредени средби.
Од денеска стартува новата сезона, а како ќе се одвиваат натпреварите во текот на есенскиот дел можете да видите во продолжение со комплетен распоред со термини за сите 13 кола.