Норвешкиот шампион Колстад, кој е еден од ривалите на Еурофарм Пелистер во групната фаза од Лигата на шампионите остана без важен играч.
Станува збор за искусниот репрезентативец на Исланд, средниот бек Јанус Смарасон.
Исланѓанецот не прифати намалување на платата во неговиот поранешен клуб и во следната сезона ќе го носи дресот на европскиот шампион Магдебург.
Тој ќе биде вистинско освежување во бундеслигашот и замена за повредениот Гисли Кристјансон. МВП играчот од Ф4 турирот во Келн ќе паузира одреден временски период поради повреда.
Од раководството на Колстад пред неколку дена информираа дека клубот има финансиски проблеми и поради тоа платите на сите ракометари ќе треба да бидат драстично намалени.
Сѐ уште не е познато дали Смарасон ќе биде единствениот ракометар кој го напушти дрим-тимот во обид.
Колстад во првото коло од Лигата на шампионите ќе гостува во Битола кај Еурофарм Пелистер.
Кризата во Колстад зема замав – Смарасон пред потпис со европскиот шампион!