Финансиската криза на норвешкиот првак Колстад се уште е топ тема низ европските спортски медиуми, особено ракометните.
Прв што повлече нога и не се согласи на намалување на плата беше исландскиот среден бек Јанус Дади Смарасон, кој се пресели во европскиот првак Магдебург.
Уште двајца ракометари потврдија за ТВ2 дека веќе има загреани клубови за нивен ангажман, а тоа се играчите околу кои треба да се врти целиот проект – Сандер Сагосен и Горан Јоханесен.
Тие потврдија дека нивните агенти секојдневно добиваат понуди од европските клубови, но засега најавуваат дека сакаат да бидат дел од норвешкиот првак.
„Јас дадоа некои ветувања, и стојам зад нив. Секако дека добивам многу понуди, еве во моментов мојот агент зборува со заинтересираните клубови. Сонував да бидам дел од ваков проект и сакам да ги остварам целите со Колстад“, вели Сагосен.
Не се само Сагосен и Јоханесен, во Колстад има уште одлични ракометари од типот на Гулеруд, Гудјонсон, Бергеруд, Род…, па нема да биде изненадување следните денови ако има и некој друг трансфер.