Вчерашната објава на Бертус Сервас дека неговата компанија ВИВЕ го прекинува вложувањето во Келце, веднаш ги распламти шпекулациите за заминување на најквалитетни и најскапо платените играчи.
За Игор Карачиќ одамна е познато дека Вардар радо би го вратил во своите редови, а покрај македонскиот тим, во првиот ред застана и Веспрем, чиј тренер Дејвис одлично ги знае квалитетите на Карачиќ.
Иако Веспрем има по тројца играчи на сите позиции, а на среден бек се капитенот Лекаи, Мае и Ненадиќ, сигурно нема да пропушти шанса да се засили со уште еден екс вардарец.
Талант Душебаев откри дека добил богата понуда од Русија, од тимот на ЦСКА Москва, а Алекс Душебаев има опција за трансфер во Барселона или Кил. Голманот Андреас Вулф исто така имаа понуди за камбек во Бундес лига, но тоа се екипи што не се борат за врвот на табелата.
Пикерот Артем Каралек е желба на каталонскиот гигант, иако таму се Сорендо и Фабрегас, како и на францускиот ПСЖ, кој ги има Лука Карабатиќ, Хенрик Тофт Хансен и Камил Шипжак.
Левиот бек Дорук Пеливан оди на позајмица во некој клуб од Бундес лигата, а во Келце ќе дојде Симо Сичко. Тука се уште Кулеш, Фернандез, Вујовиќ…кои би можеле да играат во било која екипа од Лигата на шампионите, а се уште не е јасно што ќе се случи со најавените засилувања Гудјонсен, Турна, Трастарсон…