Некогашниот тренер на Кометал Ѓорче Петров, Леонид Јевтушенко, почина денеска во Украина во 77. година од животот.
Јевтушенко беше тренер на екипата Автомобилист од Бровари, потоа беше селектор на сите младински женски селекции на Украина со кој освои многу медали на континенталните собири.
Седеше на клупата на некогашниот гигант Спартак Киев од 1998 до 2000 година, пред да замине во Мотор Запорожје до 2002 година. Потоа имаше престој во Скопје, пред да се врати во Податкова. Од 2015 до 2021 година работеше на Вишата школа за физичка култура во Бровари.
Тој се задржа кратко во Скопје на клупата на европскиот првак и издржа неколку месеци до ноември 2002 година, но му го донесе трофејот во Супер Купот на македонскиот тим.
Тогаш во 2002 кога се играше Супер Куп турнир со победниците во сите европски купови, Кометал ЃП на домашен терен во финалето беше подобар од данскиот Икаст со 30-28, со десет гола на Андријана Будимир.