Во 73 година од животот ноќеска престана на чука срцето на Стојан Николов, поранешен ракометен делегат и судија. Беше еден од најискусните македонски судии, а потоа и делегат кој долги години беше на ракометните терени.
Николов беше добитник на неколку спортски признанија, од Ракометната федерација на Македонија, но и од Градскиот сојуз на спортови на Скопје, за неговиот придонес во ракометниот спорт.
Од 2018 година беше во заслужена „ракометна пензија“ отстапувајќи им го местото на помладите. Зад себе има многу натпревари како судија и делегат, и многу дерби средби во машка и женска конкуренција.
Николов судеше и во поранешка СФРЈ и тоа во тогашната Втора Сојузна лига. По осамостојувањето на Македонија, продолжува со својот професионален судиски ангажман и тоа во највиоскиот ранг на натпреварување.
Како судија им бил партнер на повеќе македонски судии со кои успешно ја делеше правдата на ракометниот терен.
Погребот на Стојан Николов ќе се изврши, утре (сабота, 23 септмеври 2023) година на градските гробишта Бутел. Телото ќе биде изложено во Капела од 9,30 до 10,30 часот.