Почина некогашен ракометар на Пелистер

Босанските медиуми во текот на денешниот ден објавија тажна вест за смртта на еден од легендите на босанскиот ракомет, Гордан Жигиќ.

Прославениот ракометар, кој остави голем белег во босанскиот ракомет, почина на 68 години од животот.

Пред две години доживеа тежок мозочен удар. Во својата кариера го носеше дресот и на Пелистер.

Жигиќ беше член на шампионската генерација на Железничар од Сараево, која во сезона 1977/78 ја освои шампионската титула во поранешна Југославија.