Почина Крсте Чакар еден од основачите на Струшкиот турнир

На 86 годишна возраст почина Крсте Чакар, еден од основачите на струшкиот турнир и поранешен ракометар на Струга и на Работнички. Човек кој цел живот го посвети на спортската игра наречена ракомет. Имал завршено Филозофски факултет отсек книжевност, и работел како професор по македонски јазик и литература во ЦСО „Нико Нестор„ во Струга.

Од млади години леворакиот топџија ги кинеше мрежите на сите противнички екипи. Еден од основачите на струшкиот турнир кој веќе е познат во Европа. Како тренер на Стружанка го има стигнато најголемиот клупски успех на тим од Струга, играше во полуфиналето на женскиот Куп во Југославија, и со тимот настапувал во 1Б лига во тогашната СФРЈ.

Одликуван со многу златни медаљи и плакети за неговиот придонес во спортот. Автор на книгата посветена на фудбалскиот клуб Караорман кој бил формиран 1923 година и како подарок за фудбалскиот клуб и неговиот татко Борис долгогодишен успешен тренер им ја подари книгата за 75-годишнината од постоењето на ФК Караорман од Струга.